Ким го отвори новото скијачко одморалиште: Ја пресече црвената лента и ги пофали војниците

Точка

09/12/2019

13:59

4.654

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го отвори новиот скијачки центар и планинско одморалиште Јангдок кој е наменет за, како што изјави, уживање во високото ниво на цивилизација во социјализмот.

Ким ја пресече црвената лента на церемонијата на отворањето на рекреативниот скијачки центар Јангдок и ги пофали војниците кои ја изградија „чудесната и совршена градба“ која се вклопува во настојувањето на владеачката партија да ги поведе луѓето кон модерната цивилизација.

Државната телевизија прикажа снимки од одморалиштето со хотели со црвени покриви, извори на термална вода и парк за јавање на коњи.

Илјадници војници и граѓани присуствуваа на церемонијата и вееја знамиња, а Ким го поздравија и стотици деца.

Одморалиштето Јангдок, чија што изградба започна минатата година е еден од развојните проекти на Ким заедно со уште еден планински град, како и летно одморалиште во крајбрежниот град Вонсан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг