Скандалозен момент на вчерашното дерби: Манчестер Сити се огласи со соопштение (Видео)

Дерби

08/12/2019

17:47

5.500

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед вчера одиграа одличен дерби натпревар кој на крајот му припадна на гостинот на овој натпревар.

Црна дамка на средбата на „Итихад“ оставија расистичките навреди од трибините кон играчите на Манчестер Јунајтед.

Посебно на мета беше Фред кој беше погоден и со запалка, а камерите уловија еден фан на Сити како прави мајмунски гестикулации кон бразилскиот фудбалер. Овие гестикулации се познати кога навивачите расистички ги напаѓаат фудбалерите, а бидејќи борбата против расизмот зема се поголем замав на Островот ова беше оценето како скандалозно однесување.

-Манчестер Сити е свесен за видеото кое кружи на социјалните мрежи на кое се гледа фан кој изведува расистички гестикулации во второто полувреме на средбата против Манчестер Јунајтед. Официјалните лица на клубот ќе соработуваат со полицијата во Манчестер за да се идентификуваат индивидуалците кои загрижија со своето однесување“ –беше наведено во дел од соопштението на Сити.

##https://twitter.com/NewForesteer/status/1203400446745948160##



Спонзорирани линкови

Маркетинг