Варди го постигна најсмешниот гол во кариерата, Лестер продолжи да „гази“ во Премиер лигата

Дерби

08/12/2019

17:43

4.450

Големина на фонт

а а а

По вчерашниот епилог на манчестерското дерби и новиот пораз кој го претрпе тимот на Пеп Гвардиола, ова попладне на ред дојде мечот на Лестер, а мора да се напомене дека „лисиците“ маестрално одговорија на предизвикот, остварувајќи нова победа во Премиер лигата.

Лестер во овој момент се покажува како единствен тим кој е способен да го следи чекорот на Ливерпул, па по гостувањето во Бирмингем, остана на минус осум на табелата како состав кој е најблиску до оној на Јирген Клоп. Денешниот меч меѓу Астон Вила и Лестер беше отворен на еден навистина необичен начин, бидејќи Џејми Варди во 20-та минута го постигна најсмешниот гол во својата кариера. Напаѓачот најпрво ја утна топката во првиот обид, но имаше среќа истата да остане блиску до него, па потоа од втора ја затресе мрежата на Хитон. Во 41-та минута Ихеаначо зголеми на 0:2, но ова не беше резултатот со кој се замина на паузата, бидејќи Грилиш погоди за 1:2 во втората минута од продолжението.

Сепак, Лестер брзо стигна до нова предност од два гола на стартот на вторито дел со голот на Еванс, а тоа им ја донесе на гостите потребната смиреност, со која до крајот Варди уште еднаш се запиша во листата на стрелците за конечни 1:4.



Спонзорирани линкови

Маркетинг