Новинарка добила скап подарок од момчето - сакал да ја изненади, па горко се покајал! Дознала дека ја изневерува, еве како...

Точка

08/12/2019

17:37

12.088

Големина на фонт

а а а

На новинарката Џејн Слејтер, момчето ѝ подарило паметен часовник како божиќен подарок, но немал идеја дека поради тоа сериозно ќе се покае!

Имено, тие двајца си ги усогласиле своите активности кои ги следи часовникот за да можат меѓусебно да се мотивираат, а се покажало дека токму тоа помогнало за момчето да стане поранешен.


Една вечер, поточно за неговиот роденден, Џејн со балони стигнала пред домот на своето момче. Кога не го нашла дома, ниту ѝ се јавувал, почнала да се прашува каде е. Подоцна забележала дека часовникот покажува зголемена физичка активност кај нејзиното момче. Било 4 часот наутро, па не било потребно многу за да сфати што правел во тој момент.

„Поранешното момче ми подари паметен часовник за Божиќ. Ми се допадна. Ги усогласивме активностите за да се мотивираме. Не го мразев овој предмет сè додека една вечер моето момче не исчезна, а физичката активност му беше на највисоко ниво. Навистина би сакала оваа приказна да не е вистинита“, напишала на Твитер.

Тоа не бил единствениот партнер кој ја изневерил.

„Бев со еден тип кој се опијани и донесе друга девојка дома, бидејќи заборавил дека јас спијам кај него. Следниот ден требаше да одиме во црква, па останав да спијам кај него. Би можела да напишам книга на оваа тема“, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг