Дали сте ги забележале овие бројки на рамките од очилата? Тие кријат важни информации кои ќе ви го олеснат купувањето

Точка

07/12/2019

18:03

7.877

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте обрнале внимание на овие бројки на рамките од вашите очила? Малкумина знаат што тие значат.

Повеќето луѓе кои носат очила обично мислат дека овие бројки на рамките од страна имаат врска со ознаката на самиот модел на очила, што воопшто не е точно. 

Малкумина знаат за што служат овие цифри кои можат многу да ви го олеснат купувањето на очила бидејќи тие всушност означуваат големини.


На овој конкретен модел, цифрите се 54-16-140, а еве што значат истите: (имајте на ум дека големините се во милиметри)

1. 54 – ова е големината на окото која обично варира од 40 до 62 милиметри.

2. 16 – ова е ширина на коренот на носот. Вообичаено варира од 14 до 24 милиметри.

3. 140 – ова е должина на слепоочниците, а обично цифрата варира од 120 до 150 милиметри.

Сите останати бројки на рамките се ознаки за моделот и бојата на очилата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг