Шеќер или сол – што е поштетно за вашето здравје?

Точка

07/12/2019

17:11

6.222

Големина на фонт

а а а

Интересно е што всушност шеќерот и солта се намирници чиј внес најтешко се контролира. И шеќерот и солта често се скриени во преработената храна, па многу луѓе не се ни свесни дека ги консумираат во преголеми количини.

Имено, препорачаниот дневен внес на шеќер е 25 грама за возрасни лица, што е отприлика шест чајни лажички, додека препорачаниот внес на сол за возрасни е една лажичка на ден, или 4 до 6 грама. Поединечни студии покажуваат дека дури 90 отсто од луѓето секојдневно внесуваат многу повеќе од тоа во своите организми. 

На сите им е јасно дека прекумерната консумација на шеќер и сол може да предизвика здравствени проблеми, но се поставува прашањето што е поштетно за човечкото тело.


Шеќерите кои природно се наоѓаат во храната не се толку проблематични, но голем проблем претставуваат преработените шеќери. Тие немаат хранлива вредност и се богати со калории. Сите тие го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и го стимулираат зголеменото производство на инсулин кој му е неопходен на телото за да го преработи целиот тој шеќер. Но, прекумерниот внес на шеќер може да доведе до отпорност на инсулин, што е главна причина за складирање на шеќери во облик на масти. Покрај тоа, прекумерната консумација на шеќер може да предизвика дијабетес тип 2, како и гастроинтестинални заболувања.

Ако имате висок крвен притисок, веројатно сте размислувале да го намалите внесувањето на сол во организмот. Но, новите истражувања покажуваат дека шеќерот е еден од главните виновници за предизвикување низа здравствени состојби, вклучувајќи го и високиот крвен притисок, па дури и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.


Спротивно на тоа, солта нѝ е потребна за регулирање на течностите во организмот и за пренос на електролити во телото. Како што е веќе наведено, солта се поврзува со високиот крвен притисок, болестите на срцето и крвните садови, а освен тоа има и штетен ефект врз црниот дроб и бубрезите. Исто така, солта е причина за проблеми со надуеност.

Иако експертите нагласуваат дека клучот за здравјето е умереното консумирање и на сол и на шеќер, тие велат дека шеќерот создава поголеми проблеми. Поточно, луѓето сè почесто претеруваат со употребата на шеќер, што доведува до голем број здравствени проблеми, пренесува порталот “Sam Health”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг