Англискиот медиум „Дејли Експрес“ пренесува дека три премиерлигашки клубови се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити.
Умтити во последно се поврзува со заминување од каталонскиот тим откако го изгуби стандардното место во првите 11 на Ернесто Валверде.
Интересот за него е голем, и покрај тоа што франуцскиот фудбалер е често подложен на повреди. Така, „Експрес“ пишува дека Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ја разгледуваат опцијата да го ангажираат стоперот уште во јануари.