По 40 години заеднички живот секој ден имаат секс и тоа по два-три пати дневно

Точка

07/12/2019

16:55

9.761

Големина на фонт

а а а

Секоја недела “The Guardian“ објавува интересни писма од читателите на тема сексуален живот, а во едно од нив читател кој е во брак над 40 години со својата сопруга, вели дека тие сè уште водат љубов, барем еднаш дневно.

„Сопругата и јас влеговме во петтата деценија од заедничкиот живот, сè уште водиме љубов барем еднаш, а се случува и два пати па и три пати дневно“ - пишува читателот и додал дека иако сега се постари, сексот повеќе им годи затоа што повеќе трае.


„Претпоставувам дека оваа година сè на сè водевме љубов околу 22.000 пати и без оглед на тоа секогаш имаме многу повеќе взаемна страст и желба“ - објаснил читателот.

Тој вели дека треба да се искористи секоја можност за секс затоа што времето поминува. Објаснува дека двајцата експериментирале во различни пози, пробале многу локации и надвор од спалната соба, вклучувајќи го и ќошот во нивната градина.


„Никогап нема да заборавам дека во еден приватен базен имавме секс шест пати и издржавме два часа без пауза. Тоа го правиме кога и да можеме“.

„Љубовта и сексот за нас се неразделни и ние не можеме поразлично да функционираме. Нашите сеќавања, но и децата и внуците, ќе останат највредни кога еден од нас ќе си замине. Дотогаш нема посреќен пар од нас и во иднина ќе гледаме што почесто и подолго да се галиме и да водиме љубов“ - заклучил овој задоволен човек. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг