На интернет се појавија нови снимки за "Рекет": "Ќе дојде Мицковски, треба ли крв до колена?"

Точка

08/12/2019

13:33

22.074

Големина на фонт

а а а

На платформата "YouTube" се појави нова снимка, а медиумите пишуваат дека гласот кој се слуша на истата наликува на оној на Орце Камчев, бизнисменот поврзан со случајот "Рекет".

Според тоа што може да се слушне на снимката, тој бара средба со Вице Заев, а се заканува и дека ако "не се заврши договорената работа, ќе крварат сите". 

“Дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв и крв”, вели мажот на објавената снимка.

"Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг..Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?", се слуша понатаму на снимката.

Кој е соговорникот не е јасно, а обвинителката Русковска за "Телма" потврдила дека оваа снимка не е дел од доказниот материјал во "Рекет".



Спонзорирани линкови

Маркетинг