(ВИДЕО) Страшна сообраќајна несреќа на пат кон Копаоник: Се превртел македонски автобус, 12 повредени

Точка

07/12/2019

13:11

5.020

Големина на фонт

а а а

На магистралниот пат Прокупље – Блаце денеска се случи тешка сообраќајна несреќа, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Aвтобус од Македонија, кој пренесувал патници кон Копаоник, се превртел на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, а според првичните информации oд српските медиуми, едно лице е тешко повредено, додека десетина патници поминале со полесни повреди.

„Тимот на брза помош на нашиот здравствен центар веднаш излегол на теренот, им помагал на повредените и во тек е нивно згрижување“, потврдиле во Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режим на сообраќај во зависност од ситуацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг