Шетал во шумата, а потоа слушнал застрашувачки звуци кои доаѓаат од пештерата - морал веднаш да реагира

Точка

07/12/2019

13:03

10.187

Големина на фонт

а а а

Овој човек се нашол во вистинско време на вистинско место...

Џо Дан е еден од оние луѓе кои уживаат во природата и шетањето ги опушта. Еден ден додека планинарел наишол на ситуација во која морал да одлучи дали нешто ќе преземе или пак само ќе прошета покрај пештерата.

Додека планинарел чул необични звуци кои никогаш претходно не ги чул во шумата. Тој објаснил дека тоа бил многу страшен звук и дека никој не би сакал да слушне такво нешто во животот, но тој сепак одлучил да дознае од каде доаѓа тој звук.


Слушајќи го звукот тој дошол до една пештера во средината на таа дивина.

Потоа сфатил дека тој звук е всушност плач и повик за помош од некое куче кое било заробено во пештерата. Тоа куче не можело само да излезе од пештерата, а потоа дознал дека таму било заробено 3 седмици.

Знаел дека не можел да го спаси сам па ги искористил социјалните мрежи за да побара помош.

Останатите планинари кога слушнале за тоа веднаш се упатиле кон пештерата за да му помогнат на кучето.

Кога го извлекле, кучето било пресреќно и возбудено. Се тркалало во тревата и го чешало стомакот, а планинарите го нахраниле и му дале да се напие вода. Успеале да го пронајдат и сопственикот на кучето, Сали и го известиле дека истото е пронајдено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг