Сопругата на Жарко Луковски, за „Фокус“ ја откри причината за неговата смрт

Нетпрес

07/12/2019

12:14

8.065

Големина на фонт

а а а

Смртта на Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина на 28-ми ноември, на 57-годишна возраст, предизвика низа на шпекулации во јавноста.

Со цел да стави крај на шпекулациите, неговата сопруга Ивана Луковска, за „Фокус” ја откри причината за неговата смрт.

- Прочитав дел од шпекулациите за смртта на мојот сопруг и таткото на моите деца. Со цел да се стави крај на сите невистини и претпоставки решив да прозборам јавно. Дијагнозата е Интерцеребрална хеморагија, односно мозочен удар. Се друго е неточно. Жарко боледуваше пред неколку години, но со соодветна терапија ја победи болеста. Ова што се случи е комплетно неочекувано и секако огромен шок – појаснува Луковска, додавајќи дека нејзиниот сопруг не починал во Србија, како што некои медиуми објавија, туку во Скопје.

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

- Ена и Лука се прекрасни деца, на возраст од седум и шест години. И Жарко беше прекрасен сопруг и неверојатен татко, изјави неговата сопруга за Фокус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг