Најголемата трагедија во последните 50 години: Експлозија разнела половина зграда во Словачка, 5 лица се загинати

Точка

06/12/2019

19:40

2.378

Големина на фонт

а а а

Најмалку 5 лица се загинати во експлозија на гас во една повеќекатница на исток од Словачка, во градот Прешов, соопштиле спасувачите.

Околу 85 пожарникари се борат со пожарот кој настанал после експлозија и се обидуваат да ги евакуираат сите луѓе од 12-катната зграда, која, како што наведуваат, може да се сруши.


Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова изјавила дека има многу повредени во најголемата трагедија која се случила во градот во кој живеат 90.000 лица во последните 50 години.

Спасувачите наведуваат дека успеале да ги евакуираат сите лица кои ги затекнале во зградата.

Агенцијата наведува дека на почетокот не било познато колку луѓе имало во зградата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг