Судбината на Трамп ќе се знае за 15 дена! Пелоси бара итен отповик: "Тој ја злоупотреби својата моќ"

Точка

06/12/2019

21:20

2.298

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси побарала од претседателот на Одборот за правосудство да напише предлог за отповик на претседателот Доналд Трамп, наведувајќи дека тој ја "злоупотребил моќта на својата положба".

"Претседателот ја злоупотреби својата моќ за да оствари лична политичка корист на сметка на нашата национална безбедност, така што ја задржуваше воената помош и клучниот состанок со украинскиот претседател во Овалниот кабинет, во замена за започнување на истрага против својот политички ривал", рекла Пелоси во обраќањето кое го пренесувале американските национални телевизии. 

Таа излегла пред новинарите ден по претресот во Одборот за превосудство, на кој тројца експерти за уставно право рекле дека Трамп направил прекршоци кои се подложни на отповик, бидејќи вршел притисок на Украина да отвори истрага која ќе му донесе политичка корист.

Претседателот Трамп набрзо реагирал на Твитер со пораката дека "радикалните левичарски демократи кои не работат ништо, само што соопштија дека ќе се обидат да ме отповикаат поради ништо". Тој го повторил својот став дека "потегот на Претставничкиот дом ќе направи отповикот, кој инаку е редок, да биде користен рутински за напад на идни претседатели".

"Тоа не е тоа што нашите основачи го имале на ум. Добрата работа е што републиканците никогаш не биле повеќе обединети. Ние ќе победиме", порачал Трамп.

Иако Ненси Пелоси не споменала никакви временски одредници, Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, би можел да гласа за отповик на Трамп пред божиќната пауза, кон крајот на овој месец. Така се било бил подготвено за јануарското судење во горниот дом, Сенатот, во кој мнозинство имаат републиканците, и каде се многу мали изгледите дека Трамп ќе биде прогласен за виновен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг