Божиќните пости се веќе во тек, па тука се наметнува прашањето дали постот се вклопува во здравиот начин на исхрана. За време на постот, голем дел од храната која ја консумираме секојдневно е забранета.
Во таа група на храна се вклучени и намирници кои ни се навистина потребни и кои го снабдуваат нашиот организам со клучни нутритиенти.
Имајќи предвид дека во овој период се избегнуваат намирници од животинско потекло: месо, јајца, млечни производи, кои всушност и содржат најголемо количество на протеин, потребно е добро да се информирате која од храната која ја консумирате содржи поголемо количество на протеини и секако, алтернативни посни продукти кои можат да ги задоволат потребите на организмот.
За таа цел, тука ќе наведеме производ кој е посен и е со избалансиран состав на хранливи материи. Станува збор за протеинските вегански барчиња Abso Bar ZERO. Ова протеинско барче не содржи глутен, е без ГМО, без лактоза, со намален процент на шеќери, а како засладувач содржи стевија и е погоден за лица кои се алергични или нетолерантни на било која од овие состојки. Истото е богат извор на храниви влакна. Еден бар содржи околу 9 грама хранливи влакна.
Abso Bar ZERO е посен оброк бидејќи содржи комбинација на протеин од грашок и протеин од ориз, за разлика од продуктите кои содржат протеини од животинско потекло. Комбинацијата на протеин од грашок и ориз, ви овозможува да ги внесете сите амино киселини кои се содржат во протеинот од животинско потекло. На тој начин, вашиот организам нема да биде дефицитарен од овој клучен нутритиент.
Овие барчиња, како и многу други продукти на база на протеин, може да ги најдете во ПРО ФИТ.