Има 1-годишна ќерка и не сака да ја види, а барал и ДНК тест за утврдување на татковство! Секој месец плаќа алиментација од 25.000 долари

Кармин

06/12/2019

15:30

6.853

Големина на фонт

а а а

Актерот Овен Вилсон има три деца, два сина но и 1-годишната Лили, која ја добил со поранешната девојка Варуни, а наводно никогаш не ја запознал и не сака да ја запознае.

Варуни открила дека актерот финансиски ѝ помага, но дека никогаш не бил дел од животот на девојчето.

Актерот се согласил да ѝ плаќа огромна алиментација на својата поранешна девојка, бидејќи ДНК тестот, на кој инсистирал, открил дека сепак тој ѝ е татко на малата Лили.


Овен со Варуни бил во врска пет години, но никогаш не се венчале, а на суд рекол дека не сака да има старателство врз девојчето ниту сака да го гледа.

Откако се родило детето, адвокатите на актерот се согласиле месечно да плаќаат 25.000 долари, заедно со дополнителни 70.000 долари за ноќна медицинска сестра за бебето, и судските трошоци на поранешната девојка.

Вилсон исто така се согласил да ја додаде ќерката во здравственото осигурување на Здружението на актери. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk