На фудбалскиот сојуз на Косово му се заканува суспензија

Точка

06/12/2019

15:08

3.038

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот сојуз на Косово би можел да биде суспендиран на 2 до 5 години од натпреварувањата на УЕФА и ФИФА, јавуваат приштинските медиуми.

Причината за тоа е обидот за смена на претседателот на Фудбалскиот Сојуз на Косово, Агим Адеми и мешањето на политиката во спортот, што е во целосна спротивност со препораките на тие две меѓународни спортски организации. 

Евентуална суспензија за Косово би можела да значи дека репрезентацијата на Македонија би можела директно да се најде во финалето за пласман на Европското првенство и пред да се одигра натпреварот меѓу двете селекции.

Македонија треба да биде домаќин на Косово на 26-ти март, а победникот од тој натпревар во финалето на баражот за пласман на ЕУ 2020 ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија.

УЕФА и ФИФА со своите статути посебно забрануваат мешање на политиката во спортот. Така во 2014-та година Фудбалскиот Сојуз на Нигерија бил суспендиран од меѓународните натпреварувања поради мешањето на владата во работата на Сојузот.

Истото се случи и со Камерун во 2013-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг