Цел свет му се смее на Давид Луиз: Пред два месеци порача дека Арсенал може да ја освои титулата, од тогаш „топчиите“ немаат ниту една победа

Дерби

06/12/2019

14:56

1.865

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот стопер Давид Луиз во летниот преоден рок дојде во редовите на Арсенал како големо засилување во одбраната.

Сепак, неговото доаѓање не ги подобри работите, па Арсенал ја игра можеби и најлошата сезона во поновата историја.

„Топчиите“ се на 10. место на табелата, а една изјава на Давид Луиз дадена на 19 октомври псоебно се вртви во јавноста.

Тогаш, Бразилецот најави дека Арсенал има квалитет да ја освои титулата во Премиер лигата и покрај фактот што и тогаш клубот заостануваше зад водечките Ливерпул и Сити.

– Мојата визија, амбиција и желба се секогаш да се борам за титулата. Постои доволна шанса и оваа сезона да ја освоиме со Арсенал, -изјави тогаш Давид Луиз.

Интересно е што по оваа изјава Арсенал нема ниту една победа во вкупно девет одиграни натпревари во сите конкуренции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг