Солскјер пред дербито со Сити откри дали Погба и Марсијал ќе бидат подготвени за настап

Дерби

06/12/2019

14:55

1.476

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед по убавата победа против Тотенхем која ги врати насмевките на лицата на нивните фанови ќе гостува на градскиот ривал, Манчестер Сити.

„Ѓаволите“ долго време се без услугите на Пол Погба, а Оле Гунар Солскјер потврди дека Французинот ќе го пропушти и овој натпревар поради повреда на глуждот.

– Пол веројатно нема да биде способен да игра. Кога ќе се врати? Ќе видиме, тренира на трева. Веќе реков дека во 2019 година ќе го видиме на теренот, се надевам дека ќе биде пред Нова година, - изјави Солскјер кој потоа пренесе малку попозитивни вести околу Антони Марсијал.

– Се надеваме дека Антони и дефинитивно ќе биде дел од овој натпревар. Не сум сигурен дали ќе може да го започне натпреварот, но би требало да биде во комбинација за настап, - изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг