Изненадувачко име на радарот на Евертон прв кандидат за наследник на Марко Силва

Дерби

06/12/2019

14:52

1.458

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Евертон се во потрага по нов менаџер откако во текот на вчерашниот ден му врачија отказ на Марко Силва.

Медиумите во Англија пренесуваа дека Дејвид Мојс е најблиску до клупата на „карамелите“, но сега „Скај Спортс“ пренесува дека првиот тренер кој ќе биде интервјуиран е Виктор Переира.

Станува збор за тренер на Шангај кој во минатото работели во Олимпијакос, Фенербахче и Порто. Наводно Переира бил подготвен да ја разгледа понудата од Евертон кој повторно се насочува кон португалски стратег.

Дејвид Мојс се уште е во игра, а постојат и уште двајца кандидати кои би требало да бидат интервјуирани пред и конечно да се донесе одлука кој ќе го наследи Силва на перманентна основа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг