Од „Кориере дело Спорт“ со нова насловна го возвратија ударот: Кого нарекувате расист?

Дерби

06/12/2019

13:31

1.210

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот медиум „Кроиере дело Спорт“ со вчерашната насловна страна на која се најдоа Лукаку и Смолинг и под која стоеше наслов „Црн петок“ го навлече гневот на целата спортска јавност.

Реакции пристигнаа од сите страни, клубовите веќе објавија дека ќе им забранат секакви активности на новинарите на овој познат и признат медиум да присуствуваат на нивните настани, па очекувано беше со свој коментар да се јават и од „Кориере дело Спорт“.

Тие денес повторно објавија насловна страна во своја одбрана и одбија да дадат извинување за вчерашниот испад.

– Кого нарекувате расист? Се напаѓа весникот кој со децении се бори за слободата и еднаквоста, -стоеше во „Кориере дело Спорт“.

Со свој коментар се јави и Иван Зазарони, главниот уредник на медиумот кој има 100 годишна традиција во Италија.

– „Црн петок“ за оние кои сакаат, и можат да разберат беше само за да се прослави разликата, прекрасното богатство на разликите. Ако не го разбравте тоа, тоа е затоа што или не знаете, или намерно го правите тоа. „Црн петок“ е невин наслов на нашиот весник, кој речиси еден век страствено ги брани вредностите на спортот. Сепак, беше претворен во отров од оние кои имаат отров во нив, - напиша меѓу другото Зазарони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг