Пронашле 720 милиони долари во отпад во нашата соседна држава: Јапонските сателити снимиле сè! Со години било сокриено, а еве за што станува збор

Точка

06/12/2019

13:37

4.262

Големина на фонт

а а а

Сателитските снимки од Јапонската вселенска агенција откриле неверојатни пронаоѓалишта на злато и бакар во Србија.

Откриено било дека помеѓу Бор, Мајданпек, Дунав и Тимок има толку многу рударски отпад од кој би можело да се “извлечат“ околу 90.000 тони бакар и околу 4 тони злато чија вредност се проценува на нешто повеќе од 720 милиони долари.

Овие резултати биле објавени по пет години од истражувањето кое го спровело борскиот институт за рударство и металургија и јапонскиот Универзитет “Акита“.

Оваа информација за “Новости“ ја потврдил д-р Миле Бугарин, директорот на ИРМ.


„Пред пет години врз основа на компромисот помеѓу владата на Србија и Јапонија, ИРМ и Универзитето од Јапонија започнаа проект вреден пет милиони долари кој за цел имаше истражување на простор кој бил под непосредно влијание на рударското производство“ - објаснил д-р Бугарин.

„Врз основа на истражувањето за кое нашите партнери од Јапонија користеа два сателити, дојдовме до податоци дека во рударскиот отпад има “заробено“ околу 720 милиони долари“.

Соговорникот истакнал дека следната фаза на проектот би требала да биде избор на најдобра технологија која со рекултивација на земјиштето би допринела за вадење на бакарот, златото и извесната количина сребро од рударскиот отпад од ова подрачје.

„Покрај тоа, нашите експерти беа на стручна пракса во Јапонија во времетраење од две недели до три месеци за да се обучат за работата со најсовремената технологија“ - додал Боривоје Стојадиновиќ, советник и директор на ИРМ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг