Суарез објасни каква „9“ треба да купи Барселона како негова замена

Дерби

06/12/2019

12:30

1.543

Големина на фонт

а а а

Луис Суарез максимално ги оправдува очекувањата кога во прашање постигнатите погодоци во дресот на Барселона, но и самиот Уругваец е свесен дека во клуб каков што е шпанскиот првак, многу лесно може да го загуби стартното место, или пак да биде принуден за разделба.

Популарниот „Ел Пистолеро“ во јануари ќе наполни 33 години и полека влегува во возраст која треба да ги осоколи челниците на Барселона да размислуваат за негова алтернатива, тема која сега ја отвори самиот голгетер кој објасни и каков играч треба да купи Барса во блиска иднина.

– Ако ми донесат уште сега нов соиграч како конкуренција, ќе го имам истиот притисок како и сега, а тоа е да играм секој трети ден. Сепак, треба да се размислува за иднината на клубот. Некој кој е фан на клубот и кој е задоволен од тоа како го третираат, гледа на иднината и најдобро е да се купи млад напаѓач, кој потоа ќе биде подготвен и зрела да ужива во можност да биде „9-ка“ на Барселона кога јас веќе нема да бидам тука, – вели Суарез за „БеИН Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг