Вака изгледа тоталниот штрајк на Французите: Милион луѓе на улиците, скршени излози, фрлени солзавци

Точка

06/12/2019

12:28

2.886

Големина на фонт

а а а

Повеќе од милиони демонстрантите излегле вчера на улиците во околу 70 градови ширум Франција за да протестираат против најавените пензиски реформи во текот на еден од најголемите штрајкови во таа земја во последните неколку децении.

Откако тргнало мирно, набрзо станало многу насилно, па така уште еднаш француските улици биле прекриени со чад и солзавец.

Голем број на луѓе биле уапсени во Париз, а на снимките објавени во француските и светските медиуми, се гледа како демонстрантите фрлаат со предмети кон полицијата.

Исто така, се слушнале неколку експлозии на гранати. Скршени биле излози и безбедносни камери. Палени биле велосипеди.

Протестите речиси целосно го парализирале јавниот превоз, а демонстрациите во Париз ги обележале судири откако полицијата фрлила солзавец на учесниците во протестот.

Во Париз полицијата задржала 87 лица во притвор, наведуваат властите, пренесува BBC.

##https://twitter.com/deverly_b/status/1202650868912414720##

Како што пренесува "Reuters", десетина илјади членови на синдикатот марширале во центарот на Париз, а судирите избиле кога група луѓе кои носеле маски, облечени во црно, се издвоила и опустошила една автобуска станица во близина на Плоштадот на Републиката, кршела прозорци на продавници и ја гаѓала полицијата со огномет.


Полицијата потоа фрлила солзавец, велат очевидци за "Reuters".

Во близина на тоа место полицијата употребила и пендреци за да се одбрани од демонстрантите облечени во црно, кои притрчале кон неа.

Францускиот весник "Le Mond" додава, повикувајќи се на AFP, дека протести се одржани и во Марсеј, Тулуз, Бордо, Гренобл и многу други градови во Франција.

Во Лион и Марсеј илјадници учесници во протестот носеле транспаренти на кои пишува "Макрон се изгуби" и "Не ги допирајте нашите пензии", пренесува "Reuters".

Во Нант, учесниците на протестот ја гаѓале полицијата со проектили, по што таа фрлила солзавец.

Поради штрајкот сообраќајот во градовите е парализиран, а не работи ни железичкиот ни метро сообраќајот, додека на францускиот аеродром Орли сообраќајот е намален за 20 проценти.

Стотина летови се откажани.

Штрајкот продолжува и денес во железницата, додека членовите на синдикатот во компанијата RATP, која е задолжена за автобускиот и метро сообраќајот соопштиле дека ќе штрајкуваат до понеделник.

Во Париз биле затворени популарните туристички дестинации како Ајфеловата кула, националниот музеј Орсе и Версајскиот дворец.

Протестите во Франција се одржуваат за да се натера претседателот Емануел Макрон да се откаже од најавените реформи во пензискиот систем.

Макрон неодамна повторил дека нема да се откаже од реформите ветени во текот на претседателската кампања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг