Звезда го освои жешкиот терен во Милано, Џејмс го реши трилерот во Москва

Дерби

06/12/2019

12:20

756

Големина на фонт

а а а

Екипата на Црвена Звезда го направи најголемото изненадување на првите четири средби од 12 рунда во Евролигата.

Составот од Белград славеше на жешкиот терен во Милано против Олимпија (Армани) со 77-67. Звезда одигра добро во одбрана и солидно во нападот или во случајот тоа беше рецептот за 5 славје во елитното натпреварување.

Бековскиот двоец Браун-Берон беше супер расположен и заедно искомбинира 38 поени. На другара страна Чачо Родригез беше автор на 14 поени.

Мајк Џејмс пак со тројка ја реши драмата во Москва за славје на ЦСКА над Жалгирис со 85-82. Регуларниот дел заврши без победник, па мораше да се играат дополнителни пет минути во кои решавачкиот потег го изведе Џејмс пред звукот на сирената.

Токму Мајк со 19 кошеви беше прв стрелец, на спротивната стрна исто толку даде Вокап.

На останатите мечеви, Реал Мадрд славеше над Валенсија со 111-99, а пак Макаби ТА го суреди Баерн Минхен со 22 разлика (77-55).



Спонзорирани линкови

Маркетинг