Велика Британија до крајот на идната година ќе постигне договор за трговија со ЕУ

Макфакс

06/12/2019

12:16

640

Големина на фонт

а а а

Велика Британија ќе постигне договор за трговија со Европската Унија до крајот на следната година, рече премиерот Борис Џонсон.

„Во интерес на ЕУ е да постигне договор со нас и јас не се сомневам дека ќе го стори тоа.И ако прашувате дали можам да гарантирам дека ќе се постигне договор – мислам дека можам“, рече Џонсон по посетата на фабрика во централниот дел на Англија.

Тој повтори дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ до крајот на јануари. Џонсон додаде нема да го продолжи преодниот период, кој треба да заврши во декември наредната година, и покрај тоа што критичарите тврдат дека не останува доволно време за да се постигне нов трговски договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг