Овогодишниот победник на Макфест со високи цели: „Сакам да ја претставувам Македонија на Евровизија“

Точка

05/12/2019

22:04

4.884

Големина на фонт

а а а

По овогодишната победа на Макфест, Кумановецот Мартинијан Кириловски повторно ги израдува своите многубројни фанови.

Имено, Кириловски сними нова песна, за која направи и спот, односно, ова е првата песна направена за Гранд Продукција. Освен деталите за песната, Мартинијан нѝ открива и детали од приватниот живот и целите кои си ги поставил во музичката кариера.

Колку време ја подготвуваше песната „Пола света“, со кој соработуваше?

„Пола света“ беше во изработка цели два месеци. Целата позитивна енергија која се вложи во песната и во спотот вроди со одличен производ кој влегува во уво по првото слушање. Тимот кој стои позади мојата нова песна за Гранд Продукција на српски јазик „Пола света“ се - музика и аранжман Иле Спасев, текст Огнен Неделковски и видео спот од страна на Даниел Јовески, а секако целосно беа прифатени и моите сугестии и идеи.

Во кој дел од текстот најмногу се пронаоѓаш?

Искрено целиот текст ми дојде така при срце... Но, кога веќе морам да кажам, би ги издвоил стиховите „Trošim dane trošim noći, tragovima stare...".

На кого ти „ги трошиш деновите и ноќите“?

Деновите и ноќите секако ги трошам на музиката, моето творење на нови песни и моите настапи низ Македонија и дијаспората низ многу држави, а покрај тоа и на вежбањето во фитнес и консумирање на здрава храна. Да не заборавам во последниот период деновите и ноќите ги трошам на пишување на мојот дипломски труд со што ќе го завршам Факултетот за бизнис логистика.

Дали си заљубен?

Да, во самиот себе. (хахаха...) Се шегувам... Моментално не сум вљубен, единствено што сакам е да сум во присуство на моето семејство, моите другари и пријатели и сите оние кои се трудат да ми пренесат позитивни вибрации. А за вљубување во девојка, тоа си доаѓа кога најмалку ќе очекуваш... Кратко и јасно кажано.. Сè во свое време.

Каде се гледаш за пет години во поглед на музиката?

За пет години се гледам како поуспешен музичар и пејач со многу хитови и спотови, како за Македонија, така и за Србија и за целиот Балкан за мојата матична продукција „Гранд Продукција“, чиј ексклузивец сум. Секако во тие 5 години го гледам и мојот прв солистички концерт во Скопје и Белград, како и човек кој што успешно ја претставил Македонија на „Евровизија“.

*Ексклузивно за Точка:

Специјално за Точка, моментално уште сега се подготвува нова летна песна и спот, летен хит, која е во план да излезе некаде во мај, јуни 2020-та година, како и една дуетска песна, за која не смеам многу да откривам... Кога ќе дојде време за тоа, ќе бидете известени.


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг