Мртвото езеро почна да се буди: Ја вратиле водата на подрачјето кое беше убиено од суша, а еве како го направиле тоа...

Точка

05/12/2019

21:15

5.844

Големина на фонт

а а а

Индиската управа за шуми успеала да го заживее езерото во зоолошката градина во Ченај, кое целосно се исушило поради сериозен недостаток на вода.

Иако оваа година немало птици, водата се појавила и ги израдувала чуварите.

Суда Рамен од Индиската шумарска служба изјавила дека расчистувањето на природниот канал за дренажа, садењето на дрвја на бреговите и поврзувањето на брани со водата довело до заживување на езерото.

Врнежите ја одиграле главната улога, а Суда вели дека и молитвите на Боговите за дожд помогнале. Благодарение на ова чудесно опоравување, почнал да заживува и живиот свет.

Исто така, југот на Индија неодамна е погоден од силни врнежи.

Иако во Ченај заживеале 54 мочуришта и езера, тоа подрачје поминува низ најголемата суша.

Бидејќи веќе три години немало монсуни (2016, 2017, 2018) како резултат на климатските промени, а мај и јуни 2019-та година беше погоден од силен топлотен бран, проблемот се продлабочил.

Милиони луѓе останале без вода за пиење, бидејќи 4-те резервоари кои го снабдувале градот, пресушиле.

Поради тоа и многу хотели и ресторани морале да престанат со работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг