Царовска: Во 2020 година просечна пензија од 15.500 денари

Макфакс

05/12/2019

19:10

2.087

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со пензионерите во Прилеп.

Таа нагласи дека на почетокот од следната година просечната пензија со последното покачување во јануари ќе изнесува околу 15.500 денари.

„Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем“, рече министерската. 

Царовска посочи и дека Владата за една година од спроведувањето на пензиската реформа успеала да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за ПИО за 3 милијарди денари, а како што кажа, приходите се зголемени за 10%.



Спонзорирани линкови

Маркетинг