Доставувач на подароци заиграл од среќа кога видел што го чека пред вратата на една куќа...

Точка

05/12/2019

18:30

5.643

Големина на фонт

а а а

Сезoната на празници е пред нас, а благодарение на интернетот, купувањето на божиќните подароци стана многу полесно отколку претхоно.

За жал, тоа воедно е и сезона на брзање и стрес за оние кои испорачуваат подароци пред куќните прагови.

За среќа, постојат и оние кои се грижат за доставувачите на подароци кои внимателно си ја ивршуваат својата работа.

Една од нив е Кети Оума, чие видео од доставувачот кој се развеселил поради тоа што го дочекало пред вратата неодамна станало хит на социјалните мрежи.

„Те молам, земи малку благо за да можеш да уживаш во понатамошното разнесување на новогодишните подароци. Ти благодарам што ни ја олеснуваш работата“ - напишала Кети во писмото кое било оставено за доставувачот.

Доставувачот овој мал знак на внимание толку многу го развеселил што заплакал.

„Ова е толку многу убаво и слатко“ - постојано повторувал доставувачот на видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг