Клоп ги одреди патниците за Светското клупско првенство што ќе се игра во Катар, во составот неколку изненадувања

Дерби

05/12/2019

16:25

2.571

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп ги избра фудбалерите кои ќе патуваат на Светското клупско првенство што овој месец ќе се одржи во Катар.

Клоп очекувано, во Катар ќе го понесе првиот состав, додека за натпреварот со Астон Вила кој се играво исто време ќе играат фудбалери од младинските категории.

Во составот на Клоп ги нема Фабињо и Жоел Маитп кои ќе го пропуштат натпреварувањето поради повреди, а изненади фактот што едни од најдобрите млади играчи во составот, Елиот, Брустер, Џонс и Вилијамс се вклучени во првиот тим и ќе патуваат во Катар иако се очекуваше тие да бидат предводници на младиот тим на Ливерпул кој ќе се соочи со Астон Вила во четвртфиналето од Лига купот.

Ливерпул ќе патува во Катар со следните играчи:

Алисон, ван Дајк, Вијналдум, Ловрен, Милнер, Кеита, Фирмино, Мане, Салах, Гомез, Адриан, Хендерсон, Окслејд- Чемберлејн, Лалана, Лонгеран, Шаќири, Брустер, Робертсон, Ориги, Џонс, Александер- Арнолд, Елиот, Вилијамс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг