Тежок удар за Зидан, без еден од најдобрите играчи на Ел Класико натпреварот против Барселона

Дерби

05/12/2019

16:23

2.205

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид би можел да остане без еден од своите најдобри фудбалери за дерби дуелот со Барселона кој е закажан за 18 декември.

Имено, Еден Азар би можел да го пропушти овој натпревар затоа што повредата која што ја доби на натпреварот против ПСЖ не била толку наивна.

Имено, Белгиецот се појавил на божиќната забава организирана од клубот со штаки, па тоа јасно говори дека неговиот глужд не заздравува баш како што треба.

Токму затоа од Реал Мадрид се уплашени дека Азар нема да може да биде подготвен за Ел Класико дуелот на 18 декември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг