НАСА открила неверојатни податоци за Сонцето! Ова драматично ќе ја промени постоечката теорија

Точка

05/12/2019

16:46

5.821

Големина на фонт

а а а

Мноштво податоци кои се резултат на блиската средба на сондата на НАСА со Сонцето на научниците им дава единствен увид во Сончевиот ветер и времето во вселената додека леталото поминува низ најоддалечените делови на атмосферата.

Научниците во средата ги опишале првите откритија на соларната сонда Паркер, леталото лансирано во 2018-та година на пат блиску до Сонцето.

Откритието кое нуди нови сознанија за тоа како Сонцето влијае на времето во вселената го менува сознанието на астрономите за разорниот Сончев ветер кој може да штети на сателитите и електрониката на Земјата.

„Секако дек се надевавме дека со приближување на Сонцето ќе воочиме нови феномени и нови процеси и секако дека тоа и се случи“ - вели Никола Фокс од одделението за хелиофизика на американската вселенска агенција.

„Новите информации кои ги добивме, воглавно го потврдија она што го очекувавме, но некои од нив беа целосно неочекувани“.

Земјата е околу 149.6 милиони километри оддалечена од Сонцето. Сондата се приближила до Сонцето на околу 24 милиони километри за да собере податоци користени во научните трудови објавени во списанието “Nature“.

„Дури и со тие први податоци бевме шокирани колку короната е поразлична набљудувана одблиску“ - вели Џастин Каспер, истражувач од универзитето во Мичиген.

Сондата се приближила на околу шест милиони километри од површината на Сонцето, седум пати поблиску од било кое друго летало. Сондата преживеала екстремна топлина.

„Ги откривме тие дискретни, моќни бранови кои поминуваа низ леталото како дивите океански бранови“ - вели Џастин Каспер, главниот истражувач чиј тим на универзитетот во Мичиген изработил инструмент за сонди за мерењето на соларните ветрови.

„Тие пренесуваат огромна количина енергија. Тоа драматично ќе ја промени нашата теорија за тоа како короната и соларниот ветер се загреваат“ - вели Каспер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг