Дали и вас ве нервираат гребнатините на ламинатот? - со помош на оваа намирница од кујната ќе станат невидливи!

Точка

05/12/2019

16:25

3.782

Големина на фонт

а а а

Една жена открила дека успеала да ги отстрани трагите од гребнатините на ламинатот и тоа користејќи, ни помалку ни повеќе туку орев!

Зара Холинд во една Фејсбук група споделила совет, но и резултатите од истиот.

„Тријте со оревот по гребнатината. Ламинатот набрзо ќе го впие маслото од оревот и гребнатината ќе исчезне.“


Набрзо сите корисници на групата го пробале овој трик и не можеле да поверуваат. Резултатите биле фантастични.

„Ви благодарам многу што го споделивте ова со нас. Веднаш го пробав и пред мои очи се случи магија!“, напишала една корисничка.

Затоа, доколку и вие имате гребнатинка од мебелот на ламинатот, побрзајте до маркет по неколку оревчиња - дел за поправка, дел за консумирање. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг