И Том Круз се навлекол на ботокс: Некогаш “тивко патење“ за милион жени, а денес изгледа како да го искасале оси

Супермен

05/12/2019

16:15

6.873

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер и миленикот на женската популација по кој веќе со децении сите воздивнуваат, 57-годишниот Том Круз, не се појавува повеќе често на јавните настани, особено не на оние модните па неговото појавување на модните награди во Лондон предизвикало голем интерес во јавноста.

Том пристигнал во елегантно издание, но вниманието го привлекло неговото лице на кое нема видливи траги на брчки. За неговите години лицето му изгледа мазно и неприродно.


Не требало да помине многу време за да почнат шпекулациите дека тој претерал со користење на ботокс и затегнување на лицето за да го постигне посакуваниот младешки изглед.


Том на доделувањето на наградите се дружел со британската актерка Мишел Докери која публиката најдобро ја знае од серијата и филмот “Downton Abbey“.


Освен по актерските остварувања, Том ја носи и титулата за најпознатиот припадник на контроверзната саентолошка црква која наводно му забранува да ја гледа неговата 13-годишна ќерка Сури која ја добил со колешката Кејти Холмс. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk