Строго чувана државна тајна! Татко ѝ е еден од најмоќните луѓе на планетата, а мајка ѝ популарна пејачка: Никој не знае како изгледа таа

Кармин

05/12/2019

15:05

5.334

Големина на фонт

а а а

Си Џинпинг моментално е еден од најмоќните луѓе на планетата. Ја продолжил работата на еден од своите претходници и успеал Кина да ја донесе до светскиот врв речиси на секое поле.

Технологија, трговија или уметност и култура, Кина стана незаобиколлив светски фактор.

Како што Кина растела по важност во светот, така Си полека го заземал своето место меѓу “владeтелите на светот“.

И покрај тоа што во срцето на светот малку се знае за приватниот живот на кинескиот лидер сепак  дефинитивно најмалку се знае за неговата ќерка, Си Мингзе. Тоа е единствената работа која Си ја дели со својот руски колега Владимир Путин чии две миленички се целосно надвор од јавноста.

Кинескиот лидер се оженил со популарната кинеска пејачка Пенг Лијуан во 1987-та година. Таа во Кина била многу попопуларна од својот сопруг, а секој нејзин албум бил продаван во милионски тиражи.

Си и Пенг ја добиле својата единствена ќерка во 1992-та година, а за нејзиното рано детство не се знае речиси ништо. Од 2006-та го 2008-та година студирала француски јазик во Ханџ училиштето за странски јазици, а во 2010-та година се запишала на универзитето Харвард во Масачутес.

Додека студирата таа користела псевдоним за да не привлекува големо вимание во јавноста. На престижниот американски колеџ завршила психологија и англиски јазик.

За неа се знае и дека по катастрофалниот земјотрес во Сечуан во 2008-та година волонтирала за да им помага на жртвите, а нејзиното прво појавување во јавноста било во 2013-та година кога за кинеската нова година го обиколиле селото Лианџиах во провинцијата Јанан.

Медиумите многу се интересирале за нејзиниот приватен живот, но и таму наишле на ѕид бидејќи таа својот избраник, доколку воопшто го има го криела од јавноста.

По Харвард се вратила во Кина и од 2015-та година живее во Пекинг.

Интересно е тоа што постојат голем број фотографии на интернет кои наводно ја прикажуваат ќерката на кинескиот претседател, но како што може да се види од фотографиите очигледно е дека на секоја фотографија е различна девојка.

Очигледно е дека нејзиниот идентитеи можеби е една од најдобро чуваните тајни на Си Џинпинг. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk