Привремениот тренер на Арсенал, Фреди Љунгберг го седна на клупта најскапото засилување на „топчиите“, Николас Пепе.
Крилниот фудбалер не се снајде најдобро оваа сезона во дресот на Арсенал, па последните натпревари ги започнуваше од клупата за резервни фудбалери.
– Нико е многу добар фудбалер. Но некогаш кога доаѓате од различна лига, потребно ви е време да се адаптирате, на теренот, но и надвор од него. Нико е играч со кој планирам да разговарам. Ќе имаме мал разговор за тоа како стојат работите, сакам да почувствува дека е важен играч за нас, - изјави Љунгберг.