Јелена Ѓоковиќ се насмеала на објава од една професорка која споделила анегдота од часот во кој се спомнува и Новак Ѓоковиќ.
Станува збор за професорка кој е голем фан на Новак и нејзините ученици на тој начин се обиделе да добијат повисоки оцени.
„Вистинита приказна, ова утро на еден од моите часови, зборувавме за тест поврзан со спортовите.
Ученик: Доколку кажеме дека тенисот ни е омилен спорт, дали ќе добиеме повеќе поени на тестот?
Јас: Не.
Ученик: А, доколку ви кажеме дека Новак Ѓоковиќ ни е омилен тенисер?
Јас: Не, но добар обид.
Ученик: А, што доколку кажеме дека е најдобриот тенисер на сите времиња?
Јас: И понатаму не“ - го пренела разговорот со учениците професорката.
Таа потоа ѝ се обратила на Јелена Ѓоковиќ.
„Да, се обидоа да ме подмитат. Мислам дека оваа анегдота ќе ти се допадне“ - напишала таа и ја означила Јелена.