Урнебесен момент по крајот на средбата на „Стемфорд Бриџ“: Тери му ја „скрши“ раката на Ковачиќ

Дерби

05/12/2019

13:23

2.687

Големина на фонт

а а а

По крајот на вчерашната средба помеѓу Челси и Астон Вила се случиеден навистина интересен момент кој веднаш се прошири по социјалните мрежи.

Сите очи на јавноста беа вперени во Џон Тери кој се врати на стадионот каде ги имаше најголемите успеси во кариерата, овој пат во улога на помошник тренер во Астон Вила.

Неговиот сегашен клуб загуби од неговиот поранешен клуб со 2:1, а Тери по крајот на средбата се поздравуваше со ситеиграчи на Челси. Камерата го „улови“ кога се поздрави со Матео Ковачиќ кого го стегна толку силно, што Хрватот веднаш почна да се превиткува од болка.

Урнебесното видео веднаш стана вирално на социјалните мрежи…



Спонзорирани линкови

Маркетинг