Канал 5 дознава: Полициска акција во фирми на Орце Камчев

Точка

05/12/2019

12:44

5.342

Големина на фонт

а а а

Утрово започнала полициска акција во три фирми на Јордан Камчев. Владејачката СДСМ неодамна обвинила дека две од тие фирми со 400.000 евра ја финансирале кампањата на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори.

Како што пренесува Канал 5, полициска акција трае во фирмата "Монт", која е дел од "Орка Холдинг" на Орце Камчев, но и во фирмата "Полиестердеј", која била ангажирана од ВМРО-ДПМНЕ да ги печати маиците за кампањата. 

Инспекторите проверуваат уште една фирма, "Горфактори" од Шпанија, за која не се знае како е поврзана со првоспоменатите фирми.

Оваа информација на Канал 5 ја потврдиле и избори од МВР, а во текот на денот се очекуваат и повеќе детали.

Оваа афера за прв пат се појави кога ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори, а по што СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затворила наменската сметка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг