Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Рамстор 5-3(3-1) Македонски Телеком
Рамстор: Азрет Абаз 40’ Авни Воша 11’ 16’ Фуркан Муртезан 2’ 28’
Македонски Телеком: Гоце Филипов 3’ Даниел Анчевски 39’ Марко Магденовски 40’
Одличен старт на екипата на Рамстор во дуелот со Македонски Телеком со погодокот на Муртезан во 2та минута. Експресно одговори екипата на Телеком со погодокот на Филипов во 3та минута и израмнување на 1-1. Како одминуваше времето екипата на Рамстор ја превземаше иницијативата и вршеше притисок кон голот на Телеком што резултираше со погодоци во 11та и 16та минута за водство до 3-1. До крајот на полувремето имаше неколку можности за Телеком да ја намали негативата но не успеа во таа намера па на паузата се замина со резултат од 3-1. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра во кое екипата на Телеком бркаше израмнување а екипата на Рамстор доста умешно го чуваше својот гол. Екипата на Телеком успеваше да креира одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација што екипата на Рамстор го казни и го доби овој натпревар со 5-3.
Фабрика Карпош – ГИМ 7-2(4-2) Пекабеско
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 4’ 8’ 8’ 16’ 26’ 32’ Тони Котев 22’ Кристијан Панев 40’
Пекабеско: Мартин Чаловски 1’ Алвин Бачко 10’ Александар Спасовски 39’
Одличен старт за екипата на Пекабеско во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, тие со погодок уште во првата минута го превземаа водството на 0-1. Екипата на Фабрика Карпош имаше брз одговор преку Божиков па во осмата минута веќе имаше целосен пресврт и водство од 3-1. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа уште по еден гол и на паузата се замина со 4-2. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше сигурна во одбраната а преку денес расположениот Божиков казнуваше за убедлива победа од 8-3.
Макпетрол 7-2(2-0) ТАВ
Макпетрол: Марко Костенцовски 10’ 26’ 36’ Александар Мишоски 32’ 40’ Горан Новакоски 15’ 25’
ТАВ: Амар Мемиси 30’ Тодорче Насковски 29’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и ТАВ, уште на самиот старт екипата на Макпетрол започна со својата препознатлива игра и ја превзеде иницијативата во овој натпревар. Оваквиот развој на настаните и донесе предност во 10та минута со голот на Костенцовски. Екипата на ТАВ со голман играч во фаза на напад се овидуваше да створи вишок на теренот со цел да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол не остави простор за игра а преку контра напад во 15та минута успеа да казни за 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ТАВ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Макпетрол со одлично поставена игра во фаза на напад и одбрана имаше целосна контрола врз играта и резултатот и го доби овој натпревар со 7-2.