Овој град е толку изолиран што се зборува дека таму живеат заштитени сведоци: Најчуден е начинот на кој се доаѓа до него

Точка

05/12/2019

09:49

4.806

Големина на фонт

а а а

Посетителите на Поинт Робертс прво мора да минат низ Канада за да влезат во САД.

Овој град со вкупно 1.314 жители зазема површина од 12,65 километри квадратни километри, а и припаѓа на државата Вашингтон. 

Поинт Робертс е таканаречена пен-ексклава, односно, дел од територијата на една земја, до која со конвенционални средства може да се дојде само преку територијата на друга држава.

За да се дојде до Поинт Робертс, кој се граничи со Канада и водите на Заливот Баундари, потребно е да се минат 40 километри преку Канада.

Поинт Робертс е град со празни плажи и десетина бензински станици. Посетителите надвор од регионот ретко проаѓаат низ ова место. Ова во суштина е оградена заедница која ја чува американската влада.

Кога се воспоставила американско-канадската граница во 1846-та година на 49-тата северна паралела, линијата го пресекла канадскиот полуостров, оставајќи вишок територија на САД на долниот дел, на околу 40 километри јужно од Ванкувер. Освен ретките кои доаѓаат во Поинт Риверс со авион или брод, останатите доаѓаат со автомобили од Канада.

Локалниот историчар Марк Свенсон истакнува дека Поинт Робертс не настанал како превид. Овој дел од територијата им овозможил на САД вредни права за рибилов и им обезбедил стратешко место на пацифичкиот северозапад.

Со децении оваа територија и била на располагање на американската војска, но во 1908-ма година било одлучено да им се додели на доселиниците, во главно оние од Исланд.

Денес Поинт Робертс е пошумена, рурална заедница, во која освен луѓе и орки престојуваат и стотина белоглави орли.

Посетителите кои доаѓаат големиот Ванкувер со популација од 2,5 милиони жители, велат дека одмораат во истиот момент кога стапнуваат во Поинт Робертс, во кој освен супермаркети и неколку продавници, нема ништо друго.

Постојат гласини дека Поинт Робертс е популарно место за населување на сведоци заштитени со федерална програма и дека некои од нив добиле и нов идентитет и сместување баш во овој дел од светот. Канада има посебно строг закон и им забранува влез на оние со криминално досие, што е дополнителна заштита за наводните сведоци, бидејќи сите кои влегуваат во Поинт Робертс мора да минат низ Канада за да влезат во САД.

Поинт Робертс не е единствена американска енклава од овој вид. Тука се Алјаска, делови од Минесота како Нортвест Енгл и Елм Поинт, Алберг во Вермонт и Провинс Поинт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг