Пукање на универзитет во Мисисипи, има и повредени

Макфакс

04/12/2019

22:18

1.519

Големина на фонт

а а а

Повторно пукање на факултет во САД. Официјални претставници на Универзитетот „Џексон“ во американската сојузна држава Мисисипи потврдија дека во нивниот кампус дошло до пукање и дека напаѓачот веројатно сè уште се наоѓа во негова близина.

Студентите и вработените се предупредени дека кампусот во моментот е заклучен, а на сите им е упатен совет да се скријат во своите соби и канцеларии.

„Сомнителен напаѓач со огнено оружје е во црна ‘Хонда’, Целата заедница во кампусот треба веднаш да се скрие. Кампусот во моментот е заклучен. Ќе ве информираме кога ситуацијата ќе биде решена“, наведува универзитетот на својот налог на „Твитер“.

Полицијата во Џексон потврди дека истражува пукање во кампусот, како и дека едно лице е рането.

„Го истражуваме пукањето во блокот околу улицата Линч, што се случи малку по 11 часот. Според првичните информации, едно машко лице е рането. Неговата состојба засега е непозната. Во моментот нема достапни информации за мотивите за пукањето или за осомничениот сторител“, соопшти полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг