Келнерка секојдневно пешачела 22 километри до работа и назад: Кога слушнале гостите за тоа ѝ приредиле големо изненадување

Точка

04/12/2019

21:52

7.103

Големина на фонт

а а а

Младата келнерка Адријана Едвардс од Тексас добила неочекуван подарок.

Пред неколку денови споменала пред гостите дека штеди пари за да купи автомобил, бидејќи морала да пешачи 22 километри дневно за да стигне до ресторанот каде што работи и да се врати назад, а тоа трае отприлика 5 часа.

Еден пар кој сакал да остане анонимен, после краток разговор со келнерката одлучил да ѝ помогне. Го напуштиле ресторанот и неколку часа подоцна одлучиле да се вратат со автомобил и да ја изненадат Едвардс давајќи ѝ ги клучевите од автомобилот.

Кога го видела подарокот, девојката заплакала од возбуда. Поточно, на почетокот била малку збунета, бидејќи не знаела дали станува збор за шега. Парот ѝ ги врачил клучевите од новиот автомобил, не барајќи ништо за возврат, освен да му врати услуга на некој на кој му е потребно.

„Сè уште мислам дека сонувам. Секои два часа гледам низ прозорецот за да видам дали автомобилот е тука“, вели младата девојка, која сега до работа не мора да пешачи со часови.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг