Македонскиот пејач, Сашо Каимовски – Панки (52) од популарното дуо “Куку-Леле“, наводно вчеравечер воопшто не бил забележан со директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски во некој скопски локал.
Тој вчеравечер сподели заедничка фотографија со познатиот пејач и ја збуни јавноста.
„Бев вчера во Дион. Ама не бев со Панки. Како ме забележале некои портали стварно не знам. Само би им порачал пред да објават инфо да проверат дали е точен податокот. Воедно да размислат дека човекот има семејство и дека му прават стресови. Сликата е од лани и ја ставив бидејќи Сашо ни е другар и ни фали. Сè уште е во Германија и го очекуваме деновиве да се врати жив здрав во Скопје“, напишал Галетановски.
Директорот за „Вечер“ рекол дека Панки сè уште не е на слобода, туку допрва се чека деновиве да биде пуштен и да си допатува во Македонија.
„Ова е тотална измислица на секој оној портал или тв кои ја објавија веста“, рекол Галетановски и додал:
„Навистина стара е фотографијата цела една година, фотографирани сме на 30-ти декември 2018-та година, а јас си ја ставив на мојот Фејсбук без да објаснувам кога е направена, немав потреба за тоа.“