Гери Невил не сака да го види Ливерпул како нов англиски шампион и тоа не го крие. Легендата на Манчестер Јунајтед во својата последна изјава вели дека се надева на голем пад на „црвените“ кои имаат сериозна предност во Премиер лигата во однос на Манчестер Сити.
– Ако Ливерпул ја испушти предноста во првенството, тоа сигурно ќе ја подобри мојата година. Би сакал да видам како имаат 12 бодови повеќе, а потоа се да прокоцкаат. Мора да признаам дека покажаа најголема константност последниве две години, но се надевам дека напролет ќе се распаднат, – изјавил Невил.