Две минути до полноќ: Поранешниот шеф на Пентагон предупредува - светот е на работ на војна!

Точка

04/12/2019

21:10

5.244

Големина на фонт

а а а

Недостатокот на меѓусебна доверба и лекомисленоста на политичарите довеле до тоа ризикот од нуклеарна катастрофа сега да е многу поголем отколку во текот на Студената војна.

Ова го изјави поранешниот шеф на американски Пентагон, Вилијам Пери.

„Денес сме на работ на нова Студена војна. САД и Русија го зајакнуваат својот нуклеарен арсенал, трошејќи неверојатни ресурси. Повторно ни се заканува опасност од Студена војна, која како што ми се чинеше, беше зад нас. Опасноста од нуклеарна катастрофа денес е многу поголема од времето на Студената војна“, изјави Пери.

„Стрелките на познатиот проект „Часовник на судниот ден“ моментално се наоѓаат на две минути до „полноќ“, нешто што ја означува нуклеарната катастрофа“, предупреди поранешниот американски министер.


Во текот на Студената војна, стрелките на „Часовникот на судниот ден“ само еднаш беа приближени на две минути до полноќ. Тоа се случи во 1953-та година кога САД и тогашниот Советски Сојуз ги тестираа своите термонуклеарни бомби.

„Целосно се согласувам со таа проценка. Сметам дека тоа го дозволивме ние, затоа што лидерите и народите на двете наши земји едноставно не сфаќаат колку е тоа опасно. Ние делуваме неадекватно на ова ниво на опасност“, истакна Пери.

Според неговото мислење, во последните 20 години, САД и Русија делувале неразумно, но како што вели, сега не е прашањето кој е виновен, туку како да се измени ситуацијата.

Кога станува збор за САД, Пери смета дека најпрвин треба да се прекине праксата на лансирање на балистички ракети без претходно предупредување до Русија и другите земји, да се намалат овластувањата на претседателот во таа сфера и да се спречи нова нуклеарна трка во вооружување.


„Моментално во Конгресот на САД се разгледуваат нацрти на закони кои се однесуваат на првите две опасности, но нема никакви шанси тие да се усвојат идната година, затоа што нашиот народ и нашиот Конгрес не ја сфаќаат опасноста“, констатираше Пери.

Според неговие зборови, крајна цел е елиминирање на постоечкото нуклеарно оружје во целиот свет, но како што вели, тоа во догледна иднина е малку веројатно.

„Часовникот на судниот ден“ за прв пат се појави на насловната страница на американскиот магазин „Билтен на атомските научници“ во 1947-ма година. Најдалеку од полноќ стрелките беа во 1991-ва година, а во последните години стрелките само се приближуваат кон полноќ како што расте опасноста од нуклеарна војна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг