Јас честам ручек: Трамп подготви гозба за лидерите чии земји трошат најмногу пари во НАТО

Точка

04/12/2019

19:06

2.031

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика на ручек лидерите на земјите членки на НАТО кои одвојуваат по 2% од БДП за одбрана.

Ручекот на таканаречената „2 проценти“ група како што ја нарекува претседателот на САД е приреден за лидерите на 9 од 29-те земји членки на НАТО Алијансата, пренесува новинската агенција „АП“.

„Ручекот е на моја сметка“, наводно Доналд Трамп им рекол на лидерите на Велика Британија, Бугарија, Естонија, Грција, Летонија, Полска, Литванија и Романија, кои покрај САД ги издвојуваат договорените 2% од БДП за својата одбрана.

Како што е познато, земјите членки на НАТО Алијансата се обврзани да трошат најмалку 2% од својот БДП за одбраната, но голем дел, односно 20 земји од северно-атлантскиот сојуз не го прават тоа.


Според аналитичарите, со овој потег Доналд Трамп имал намера да ги казни другите земји членки на НАТО кои не издвојуваат доволно за својата одбрана.

Инаку, Доналд Трамп претходно во текот на денешниот ден ги откажа сите конференции за новинарите затоа што порано се враќа во Вашингтон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг