Најважната работа при изборот на партнер: Во Италија сексуалното искуство, во Јапонија парите, а во Европа...

Точка

04/12/2019

18:56

7.567

Големина на фонт

а а а

Додека жените од Јапонија “паѓаат“ на богати партнери, Европјанките воопшто не ги интересира тоа.

Што бараат жените во партнерот е прашањето кое ги фасцинира дури и истражувачите. Истражувањето било конечно завршено, а она што е најинтересно е одговорот кој е малку поразличен во однос на делот од светот во кој се наоѓате.

Фирмата “Clue Ideal Partner Survey“ ги истражувале ставовите на жените од 180 земји за да добијат единствен увид во нивните емоционални карактеристики кога станува збор за долгорочни партнери.


Резултатите покажале дека Италијанките најмногу ги интересира колку жени нивниот партнер имал пред нив додека пак Американките најмногу ги интересира од која религија е нивниот иден сопруг.

Меѓутоа, постојат неколку работи за кои жените се согласиле, а тоа е дека мажот треба да е висок, да има убава насмевка и убави очи, а најпосакуваната особина е љубезноста.

Европјанките воопшто не ги интересира финансискиот статус на партнерот за разлика од Јапонките за кои тоа е една од клучните работи.


Колумбијките најмногу ги интересира колку нивниот иден партнер е образован додека пак тоа не им е важно на жените од Данска и на Британките.

Тоа што било многу важно бил и политичкиот став на мажите што во Бразил било пресудно за женската популација. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг