Сите зборуваат за нејзиниот иглед: Бритни Спирс фотографирана на славењето на нејзиниот роденден со нејзиното момче

Точка

04/12/2019

17:23

8.985

Големина на фонт

а а а

Бритни и Сем се во љубовна врска од 2016-та година, а во странските медиуми се шпекулира дека можеби се венчани.

Поп пејачката Бритни Спирс го прославила својот 38-ми роденден со момчето Сем (25) и тоа на многу атрактивен начин.

Парот отишол на куглање и лизгање, а потоа уживал на базен сончајќи се на Мајами. пејачката во бикини со цветен дезен “шетала“ и разменувала нежности со 13 години помладиот партнер.


Но, сите зборувале за нејзиниот број килограми со кој сè уште се бори.


Бритни Спирс многу се променила, а се претпоставува дека најголемо влијание за тоа има нејзиниот приватен живот.

Сем на социјалните мрежи, со кратко видео каде што заедно лизгаат, напишал: „Живееме, се смееме, се караме, а најмногу од сè се сакаме. Постои причина зошто светот се заљуби во тебе. Ти можеби си принцезата на поп музиката, но пред сè си моја принцеза. Среќен роденден душо!“.

Роденденска честитка на Бритни ѝ упатила и помладата сестра, Џејми Лин Спирс (28) која објавила неколку заеднички фотографии од детството покрај кои напишала:

„Некои работи никогаш не се менуваат. Секогаш те гледам. Среќен роденден на мојата сестра“.

Инаку, Бритни е во врска од 2016-та година, а во јавноста се појавиле заедно во 2017-та година. Сем бил покрај пејачката во нејзиниот најтежок период кога поради семејните конфликти Бритни завршила во ментална установа.

По американските таблоиди се шпекулира дека парот наскоро би можел да стапи во брак.

За Бритни тоа би бил трет брак. Првпат се венчала во 2004-та година за пријател од детството, Џејсон Александер. Тој брак траел неколку часа.

Истата година се омажила за Кевин Федерлајн со кој има две деца, а се развеле во 2006-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг